вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Вести

Најново ИСТРАЖУВАЊЕ: Луѓето со оваа крвна група може најлесно да се заболат со коронавирус, еве и зошто

Најново ИСТРАЖУВАЊЕ: Луѓето со оваа крвна група може најлесно да се заболат со коронавирус, еве и зошто

Во новата студија истражувачите откриваат дека луѓето со крвна група А се поврзани со 45 отсто поголеми шанси дека ќе се заразат со ковид-19.

Истражувањето е спроведено на 1.900 испитаници во Шпанија и во Италија кои биле болни од ковид-19 и нивните резултати биле споредувани со 2.000 лица што не биле болни. Во новата студија научниците утврдиле дека лицата со крвна група А се поврзани со зголемен ризик од инфекцијата со коронавирусот, и тоа за 45 отсто.

Уште пред три месеци едно истражување од Кина покажало дека лицата што имаат крвна група А се поподложни на заразата за разлика од лицата што имаат крвна група нулта и се повеќе заштитени од вирусот. По резултатите од овие истражувања, најголемиот страв на научниците бил дека луѓето со крвна група нулта премногу ќе се опуштат, а луѓето со крвна група А ќе се препуштат на паниката.

– Овие резултатите не смеат да се користат за да се опуштиме и да не преземеме мерки што се задолжителни поради заштитата – напоменува д-р Мари Кушман, хематолог и професор на Универзитетот Вермонт.

За „Вечерњи.хр“ ова истражување го коментирал и хрватскиот научник Игор Рудан.

– Спорадични истражувања од повеќе места во светот известуваа за поголем ризик за развој на тешка форма на болеста кај лицата со крвна група А, а за помал за крвната група нулта.

Неодамнешно истражување спроведено во седум италијански и шпански болници, кое се обидело да ги пронајде гените во човечкиот геном поврзани со поголем или со помал ризик за развој на тешка форма на ковид-19, помалку неочекувано го издвоило токму генот одговорен за различноста во крвните групи. Тој ген (т.н. АБO локус на хромозомот 9) се покажа на едно од само две места во човечкиот геном што предизвикува вродена склоност за развојот на тешка форма на болеста ковид-19. Тоа е силна научна потврда дека ризикот за развој на тешка форма на болеста е навистина поврзан со крвните групи. За крвната група А, поголем е за околу 45 отсто, а за крвната група нулта е помал за околу 35 отсто во однос на другите крвни групи – објаснил Рудан.

Што открија претходните студии
Од Вухан на почетокот на март пристигна информација од научниците кои ги споредувале наодите од крв на 2.173 лица што имале ковид-19 и лица што не биле заразени, на исто подрачје. Кај општата популација, крвна група А имале 31 отсто лица, АБ 9 отсто, Б 24 отсто, а нулта до 34 отсто. Кај оние што биле заразени со вирусот, крвна група А имале 38 отсто од болните, крвна група Б 26 отсто од заразените, АБ до 10 отсто, а крвна група нулта имале 25 отсто. Според тие резултати, тогаш е заклучено дека лицата што имаат крвна група А имаат и поголем ризик од зараза.

– Ова се интересни студии, но треба да се прегледаат уште варијации, па ако постои можност да се прикажат уште поточни бројки, тоа е нешто на кое можеме да се радуваме – рекол д-р Патриција Фостер, професор од Универзитетот Индијана и додава дека ова не е ништо невообичаено, бидејќи се знае дека одредена крвна група е поподложна на одредени вируси.

Крвни групи и болести
Стручњаците се согласуваат дека некои болести се поврзани со крвната група, па се смета дека луѓето што имаат крвна група АБ се поподложни на мозочен удар и когнитивно пропаѓање. Крвната група АБ ја штити личноста од срцеви удари и затнување на крвните садови, наведува д-р Кушман.