понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Состојба со коронавирусот во светот до 13 часот

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Состојба со коронавирусот во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 613.829 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 28.229, а оздравеле 137.224 лица.

– Во Република Српска забележани се седум нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на новозаразени измесува 162, од кои 91 маж и 71 жена.

– На крузерот Зандам, на кој се наоѓаат повеќе од 1.800 луѓе во близина на Панама, починаа четири лица од последици од новиот коронавирус. Повеќе од 130 луѓе пријавиле дека имаат симптоми слични на грип, како и проблеми со дишењето. Здравите патници се префрлуваат на друг брод.

– Во Јужна Кореја вчера се регистрирани 146 новозаболени лица од Кковид-19, со што бројот на инфицирани лица се искачи на 9.487, додека забележани се 144 смртни случаи.

– Во Канада во последните 24 часа регистиррани се над 670 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупната бројка е 4.689, од кои 53 починаа, а 353 оздравеле.

– Во Того е регистриран првиот смртен случај од новиот коронавирус. Пациентот кој синоќа почина на 17 март се вратил од Белгија и имал астма. Во Того досега со Ковид-19 заразени се 25 луѓе.

Коронавирус