сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Состојба со коронавирус во светот до 17 часот

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Состојба со коронавирус во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 742.283 лице заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 35.339, а оздравеле 157.043 луѓе.

– Белгија во последните 24 часа регистрираше 82 нови жртви на коронавирусот и над илјада новозаразени, а здравствените работници проценуваат дека пикот на заразата во земјата може да се очекува на почетокот на април. Белгиски експерти констатираат дека бројот на починати од Ковид-19 во земјата ја надминал бројката од 500 лица, но и укажуваат на моментно намалување на интензитетот на инфекцијата.

– Доминик Камингс, советникот на британскиот премиер Борис Џонсон, се наоѓа во самоизолација откако имал симптоми на новиот коронавирус во текот на изминатиот викенд, изјави претставник на Даунинг Стрит.

– Австриската полиција поднесе повеќе од 10.000 пријави против лица кои не ги почитувале мерките воведени од Владата со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

– Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер најави продолжување на рестриктивните мерки, како што е ограничување на слободното движење и затворање на продавниците, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, за уште две недели, односно до 19 април. Тој додаде дека мерките повеќе нема да се заоструваат.

– Бројот на лекари кои починаа од коронавирус во Италија се зголеми на 61 од 51 во петокот, се наведува во соопштението на Националната федерација на лекари во земјата. Не е познато дали овие лекари се заразиле со вирусот на работа или на друг начин, нагласи здружението.

– Американската компанија „Џонсон&Џонсон“ објави дека во септември ќе почне да тестира врз луѓе вакцина против коронавирусот, за да може да се појави на пазарот на почетокот на следната година.

– Во Србија се потврдени уште три нови смртни случаи од Ковид-19.

– Речиси 12.300 здравствени работници во Шпанија се заразени со коронавирусот.

Коронавирус