понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Ова е состојба со коронавирусот во светот до 20 часот

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Ова е состојба со коронавирусот во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.000.177 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 51.356, а оздравеле 210.199 луѓе.

-Воената команда на НАТО во Европа ќе се придружи во напорите за спречување на епидемијата од Ковид-19. Тоа го соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по денешната средба со видео-врска на министрите за надворешни работи на НАТО.

– Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Турција е 18.135 луѓе, 365 се починати. Денеска рекорд – 79 починати од вирусот.

– Португалскиот Парламент гласаше за продолжување на вонредната состојба за 15 денови поради коронавирусот.

– Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен ги повика Австријците да издржат во борбата со пандемијата.

– Во Канада има повеќе од 10.000 заразени од новиот коронавирус, а смртноста зголемена за 21 отсто – вкупно 217 починати.

Коронавирус