недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Десетмина загинати при железничка несреќа во Турција (ФОТО)

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Десетмина загинати при железничка несреќа во Турција (ФОТО)

Десет лица загинаа, а над 70 се повредени денеска кога пет вагони од патнички воз излетаа од шините во провинцијата Такирдаг во северозападна Турција, во близина на границата со Грција.

Гувернерот на Такирдаг, Мехмет Џејлан информира дека во возот имало 350 патници.

На местото на несреќата пристигнале поголем број амбулантни и противпожарни возила.

Според Анадолија, возот тргнал од Истанбул, а несреќата се случила во близина на селото Сарилир.

Причините за несреќата засега официјално не се соопштени, но според телевизјата Си-Ен-Ен Турк, таа била предизвикана при уривање на мост.

Коронавирус