четврток, 22. април 2021. Вести денес: 124
home Вести

Најмалку тројца загинати во илегален рудник за злато во Индонезија

Најмалку тројца загинати во илегален рудник за злато во Индонезија

Локалните власти на индонезискиот остров Сулавези денеска потврдија дека во несреќа во илегален рудник за злато загинале три лица, а петмина се водат како исчезнати.

Несреќата се случила откако се урнал тунел во нелегалниот рудник, кво кој имало 23 рудари. Спасувачите од под урнатините извлекле 15 рудари, а трагаат по уште пет лица.

Индонезија учествува со околу три отсто во светското производство на злато и има околу 20.000 рудари. Но, во земјата, како и во други делови на Азија и на Африка има нелегални рудници, каде луѓето работат во тешки услови со голем ризик од сериозни повреди и смрт.

Коронавирус