петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Најмалку седуммина загинати во земјотресот од 5,7 по Рихтер на турско-иранската граница

Најмалку седуммина загинати во земјотресот од 5,7 по Рихтер на турско-иранската граница

Најмалку седум лица загинаа во силниот земјотрес што погоди регион на границата на Иран со Турција. Меѓу загинатите четири се деца, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.

Земјотрес со јачина од 5,7 степени потресе регион на турско-иранската граница, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри.

Иранските власти испратија екипи за спасување во областа на земјотресот. Потресот бил најсилно почувствуван во ненаселен реон на покраината Западен Азербејџан.

Коронавирус