недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Најмалку седум лица беа убиени при протестите во Хаити, Владата одлучи да не го поскапува горивото

Најмалку седум лица беа убиени при протестите во Хаити, Владата одлучи да не го поскапува горивото

Најмалку седум лица беа убиени при протестите против покачувањето на цените на горивото, што беа одржани во Порт о Пренс во Хаити.

Демонстрантите опожаруваа автомобили, кршеа продавници и палеа автомобилски пневматици.

При протестите, демонстрантите го нападнаа и хотелот  „Бест вестерн премиер“.

Владата одлучи да ја суспендира одлуката за покачувањето на цените на горивото.

Премиерот на Хаити Џек Ги Лафонтан, претходно наведе дека е неопходно да се зголемат цените на горивото со цел да се усогласи буџетот и не даваше никакви знаци дека ќе се откаже од тоа, но неговата Влада ја повлече одлуката откако во главниот град на Хаити избија протести.

Коронавирус