вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 73
home Вести

Најмалку петмина загинати во железничка несреќа во Индија

Најмалку петмина загинати во железничка несреќа во Индија

Најмалку пет лица загинаа денеска, а повеќе од 45 се повредени кога патнички воз излета од шините во индиската држава Западен Бенгал.

Сите повредени се хоспитализирани, а причината за несреќата се истражува, соопштија претставници на полицијата и железницата.

Во несреќата 12 вагони излетале од шините, а три се превртеле.

Владата ќе обезбеди парична отштета за семејствата на загинатите и сите повредени.

Несреќите се чести на големата, но стара железничка мрежа во Индија.

Државната железница има 9.000 патнички возови и превезува околу 23 милиони патници секој ден.

Коронавирус