вторник, 3. август 2021. Вести денес: 174
home Вести

Најмалку петмина загинати во бомбашки напад врз владин автобус во Кабул

Најмалку петмина загинати во бомбашки напад врз владин автобус во Кабул

Најмалку пет лица загинаа рано утринава во самоубиствен бомбашки напад врз авганистански владин автобус, изјавија официјални претставници на власта, пренесува ДПА.

-Уште најмалку десет други лица се повредени во нападот врз автобусот на Министерството за транспорт, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Кабул Насрат Рахими.

Според властите, експлозијата ја предизвикал атентатор – самоубиец.

На фотографиите што веќе циркулирата по социјалните медиуми се гледа како набљудувачи ги прегледуваат телата штп лежат крај автобусот.

Засега ниту една група не ја презеде одоговорноста за нападот, јави ДПА.

Коронавирус