вторник, 3. август 2021. Вести денес: 166
home Вести

Најмалку петмина мртви по торнадото во Чешка

Најмалку петмина мртви по торнадото во Чешка

Најмалку пет лица загинаа откако ретката појава на торнадо и обилните дождови предизвикаа хаос на југо-истокот на Чешка, соопштија денеска чешката полиција и службите за итни случаи, јави ДПА.

Во невремето, додава германската агенција, повредени се околу 200 лица, од кои 60 се сместени во болниците, наведуваат чешките власти.

Торнадото синоќа опустоши седум села во областа Јужна Моравија, притоа уништувајќи куќи и откорнувајќи покриви. Има мноштов искршени прозорци, а силните ветрови уништиле и автомобили.

Служните за итна помош денеска продолжуваат со потрагата по луѓето заробени под урнатините, а стотици пожарникари одат од куќа до куќа.

Чешката армија испрати војници и тешка опрема во регионот, пренесе ДПА.

Министерот за внатрешни работи, Јан Хамачек, кој ситуацијата ја опиша како „голема катастрофа“, исто така, се упати кон областа. Премиерот Андреј Бабиш се очекуваше попладнево да го стори истото, по неговото враќање од самитот на ЕУ во Брисел.

Владата вети финансиска поддршка на погодените семејства, од кои некои го загубија целиот дом.

Чешката метеоролошка служба CHMU подоцна потврди дека штетата е предизвикана од торнадо, што е ретка појава во регионот. Последната бура од овој калибар во Чешка била регистрирана пред три години.

Коронавирус