вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Најмалку пет лица загинаа во бурата Елса

Најмалку пет лица загинаа во бурата Елса

Во бурата што ги зафати Шпанија и Португалија загинаа пет лица, оштетени се голем број згради, а повеќе патишта се затворени.

Бурата Елса што го погоди Иберискиот Полуостров во средата, а се интензивира вчера попладне, донесе обилни дождови.

Елса уследи по бурата Фабијан.

Еден маж вчера загина во близина на главниот град на Португалија, Лисабон откако дрво падна врз неговиот камион, а друг загина откако му се урнала куќата во северниот дел на земјата.

Во северниот дел на Шпанија загина едно лице при лизгање на земјиштето во Астурија, а друг настрада во Галиција кога врз него се урнал ѕид од камења. Додека третата жртва исчезна во поплавите што ја погодија Кастиља.

Според шпанските метеоролози Елза најверојатно ќе продолжи кон централна и јужна Шпанија каде ќе се спои со бурата Фабијан и се претпоставува дека ветровите ќе достигнат брзина од 140 километри на час.

Во Португалија метеоролозите предупредија на влошување на времето во текот на ноќта.

Коронавирус