вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 55
home Вести

Најмалку осуммина загинати во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку осуммина загинати во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку осум луѓе загинаа, а 22 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз спортски клуб во шиитски кварт во Кабул.

На местото на инцидентот откако пристигнале брза помош, полицајци и новинари уследила уште една експлозија. Но, се уште е непознато дали има настрадани лица во втората експлозија.

Се уште никоj не презеде одговорност за нападот врз боречкиот клуб.

За претходните напади врз шиити одговорноста ја преземаше авганистанскиот огранок на сунитската група Исламска држава. Во април бомбаш-самоубиец активира експлозив врз новинари во Кабул, при што загинаа деветмина.