понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Најмалку осуммина повредени во земјотрес во Иран

Најмалку осуммина повредени во земјотрес во Иран

Најмалку осум лица се повредени во денешниот земјотрес во Иран, јави иранската државна телевизија.

Земјотресот беше со интензитет од 5.2 степени по Рихтеровата скала, во западната провинција Керманшах, во близина на границата со Ирак.

Спасувачки тимови се испратени во градот Кухбанан, каде што беше епицентарот на земјотресот. Електричната енергија во селото е прекината, а некои куќи претрпеле штета.

Иран се наоѓа во сеизмичка област. Минатиот месец, 620 лица загинаа, а илјадници беа повредени во силен земјотрес со јачина од 7,3 степени во провинцијата Керманшах. Десетици лица беа повредени во неколку земјотреси во регионот на 12 декември.

Две лица загинаа, а 117 беа повредени во земјотрес со јачина од 5,2 степени, што го потресе градот во средата, во близина на Техеран.

Во 2003 година, во земјотрес со магнитуда од 6,6 степени загинаа 31.000 луѓе и го срамни со земја античкиот град Бам во провинцијата Керманшах.

Коронавирус