среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку осум жртви при превртување на брод со мигранти кај Шпанија

Најмалку осум жртви при превртување на брод со мигранти кај Шпанија

Најмалку осум лица загинаа откако брод со повеќе од 30 мигранти удри во карпи и се преврте во близина на малото пристаниште на островот Ланзароте, што им припаѓа на Канарските острови, соопштија денеска шпанските спасувачки служби.

Тој е еден од 17 бродови кои биле пресретнати во водите на Канарските острови во изминатите 24 часа.

На видеоснимките објавени на шпанските медиуми се гледаат спасувачи и граѓани како во темница извлекуваат млади мажи во маици и спасуваат други мигранти кои седат на карпи.

Од други бродови биле спасени околу 450 луѓе, но едно лице подоцна починало.

Службите за итни случаи соопштија дека биле пронајдени осум тела, а 28 лица биле спасени. Тие соопштија дека продолжува потрагата по едно лице, за кое се верува дека е исчезнато.

Бројот на мигранти кои пристигнаа на Канарските острови оваа година достигна 17.000, што е десет пати повеќе отколку во текот на целата мината година, откако жителите на Северна Африка ги загубија своите приходи од туризам, кој е силно погодено од пандемијата на коронавирусот.

Коронавирус