сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку двајца загинати во антивладините протести во Судан

Најмалку двајца загинати во антивладините протести во Судан

Во вчерашните демонстрации во главниот град на Судан, Картум против претседателот Омар ал Башир загинаа едно дете и еден лекар, соопштија организаторите на протестите.

Според суданските власти 24 луѓе загинале од почетокот на антивладините протести што почнаа на 19 декември, додека меѓународни невладини организации истакнуваат дека бројот на жртвите е 40.

Демонстрациите почнаа по зголемувањето на цената на лебот, а подоцна се претворија во антивладини протести.

Во некои делови на Судан, но и во главниот град има недостиг од леб. Во Картум чести се големи редови за основните прехранбени продукти, како и за гориво.

МИА

Коронавирус