вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку двајца загинати при експлозиите во воена база на сириската армија

Најмалку двајца загинати при експлозиите во воена база на сириската армија

Најмалку двајца сириски војници загинаа, а 11 се повредени во синоќешните експлозии што се случија во близината на воздухопловната база Ал Мезе во сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Според сириските државни медиуми, експлозиите се резултат на дефект во електроинсталацијата во магацинот за оружје. Сириската армија ја отфрли можноста експлозијата да е дело на израелската армија. Израел досега повеќе пати вршеше напади врз цели во јужна Сирија, каде се распоредуваат ирански паравоени единици. Дамаск е во дострел на израелските ракетни системи распоредени на Голанската Висорамнина, а израелската Влада повеќе пати има посочено дека нема да дозволи иранско воено присуство во близина на нејзината граница.

Во Средоземното Море во тек е концентрација на борбени бродови на САД и на Русија, во очекување на офанзивата врз Идлиб. Во 2017 година САД ги употребија своите борбени бродови во Средоземјето за да извршат ракетни напади врз воената база Шајрат, од каде се претпоставува дека сириската армија врши напади со хемиско оружје врз бунтовниците.