четврток, 6. август 2020. Вести денес: 172
home Вести

Најмалку двајца загинати и триесетина повредени во судир на два воза во Чешка

Најмалку двајца загинати и триесетина повредени во судир на два воза во Чешка

Најмалку две лица загинаа, а околу 30 се повредени во судир меѓу два воза во северозападниот дел на Чешка.

-Судирот на возовите се случи недалеку од границата со Германија, изјави портпаролот на чешката служба за итни случаи, пренесуваат британските медиуми.

Несреќата се случила околу 15 часот по локално време меѓу станиците Нова Хамри и Пернинк, јавуваат американските медиуми.

Возовите се движеле меѓу Карлови Вари во Чешка и Јохангеоргенсштад во германската покраина Саксонија.

Меѓу спасувачките екипи се вклучени и тимови од Германија, а засега не се знае колку точно патници имало во двата воза. (МИА)

Коронавирус