петок, 23. август 2019. Вести денес: 8
home Вести

Најмалку двајца Палестинци загинаа во судир со израелската армија во Појасот Газа

Најмалку двајца Палестинци загинаа во судир со израелската армија во Појасот Газа

Двајца Палестинци загинаа, а над 400 се повредени откако израелската армија отвори оган и употреби солзавец за да ги растера демонстрантите долж границата со Појасот Газа.

Меѓу загинатите е и 14-годишно момче, додека меѓу повредените 133 имаат рани од огнено оружје, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Тинејџерот бил застрелан во глава, додека 24-годишниот маж имал смртоносна рана во стомакот. Според болнички извори, уште четворица кои се здобиле со рани од автоматско оружје се во тешка здравстена состојба.

Израелската војска за сега не ги коментира денешните протести во Појасот Газа.

(Миа)