петок, 6. декември 2019. Вести денес: 93
home Вести

Најмалку десет лица загинаа во експлозија во сирискиот град Рака

Најмалку десет лица загинаа во експлозија во сирискиот град Рака

Најмалку десет лица загинаа во експлозија во сирискиот град Рака откако бомбаш – самоубиец со возило налета на контролен пункт на силите, поддржани од САД, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Тоа е една од двете експлозии кои одекнаа на две различни локации во градот во северна Сирија, кој претходно беше престолнина на Исламска држава. Според Опсерваторијата, чие седиште е во Лондон, во нападот на плоштадот „Наим“ се убиени петмина борци и петмина цивили.

–Во пресрет на нападот, одекна уште една експлозија од бомба покрај пат во центарот на градот, се наведува во соопштението од Опсерваторијата.