четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 157
home Вести

Најмалку четворица загинати во железничка несреќа во Турција

Најмалку четворица загинати во железничка несреќа во Турција

Најмалку четири лица загинаа, а 43 се повредени во сообраќајната несреќа на брз воз во Анкара, соопшти гувернерот Васип Шахин.

Тој соопшти дека возот, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва удрил во локомотива која служи за контрола на пругата. При несреќата, која се случи во 6.30 часот по локално време, два вагони од возот излетале од шините, јави Анадолија.

Локалните медиуми известуваат дека на местото на настанот се голем број припадници на итните служби, кои се обидуваат да им помогнат на патниците кои останаа заробени во вагоните, во близина на станицата Марсандиз, западно од Анкара.

Коронавирус