вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 32
home Вести

Најмалку четворица загинати во серија експлозии во Кабул

Најмалку четворица загинати во серија експлозии во Кабул

Во повеќе експлозии во главниот град на Авганистан, Кабул загинаа најмалку четри лица, од кои двајца полицајци, а повредени се четворица.

Во западниот дел на Кабул експлодира магнетна бомба поставена на полициско возило, при што загинаа четири лица.

Во исто време се случи и експлозија во јужниот дел на Кабул, при што се повредени двајца полицајци.

Третата магнетна бомба експлодира во источниот дел на Кабул, но нема жртви. Очевидци тврдат дека имало уште две експлозии на истата локација.

За нападите се уште никој не презеде одговорност.

Нападите се во време кога претставници на талибанците и авганистанската Влада учествуваат во мировните преговори во Катар, со што треба да се стави крај на повеќедецениската граѓанска војна во Авганистан. (МИА)

Коронавирус