недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

Најмалку четири жртви во уривањето на зградите во Марсеј

Најмалку четири жртви во уривањето на зградите во Марсеј

Бројот на жртви во уривањето на двете згради во францускиот град Марсеј достигна четири лица, соопшти француски обвинител.

Спасувачките екипи вчера од под урнатините го извадиле телото на четвртата жртва, која била жена. Претходно, биле откриени телата на двајца мажи и една жена.

Двете згради во јужниот француски град се урнаа во понеделникот наутро.

Уште неколку луѓе се водат како исчезнати.

МИА

Коронавирус