среда, 12. август 2020. Вести денес: 180
home Вести

Најмалку 43 убиени во судири во Јужен Судан

Најмалку 43 убиени во судири во Јужен Судан

Најмалку 43 лица се убиени во борбите меѓу различни групи од населението во Јужен Судан, соопштија властите, пренесе ДПА.

-Членови на групата Мурле денеска нападнаа село во државата Џонглеј, изјави локалниот претставник Дејвид Манок. Во вториот напад има четири жртви. Покрај тоа, украдени се и десетици говеда.

Ваквите судири се честа појава во оваа источноафриканска земја, а често пати се случуваат за земјиште и добиток. По неколку децении конфликти во Јужен Судан, многу луѓе се вооружени.

ОН неодамна предупреди дека ваквите борби можат да го уништат мировниот договор меѓу страните во граѓанската војна.

Граѓанската војна што избувна во 2013 година, официјално заврши со мировен договор во 2018 година, но преодната влада формирана во февруари од претседателот Салва Киир и лидерот на бунтовниците Ријек Мачар е кревка.

Коронавирус