понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 85
home Вести

Најмалку 41 мигрант се удавија во близина на брегот на Тунис

Најмалку 41 мигрант се удавија во близина на брегот на Тунис
фото-илустрација

Четириесет и еден мигрант го загуби животот во потонување на брод крај брегот на Тунис, соопшти синоќа ООН. Три лица се спасени.

Потонувањето на бродот и смртта на мигрантите се случија во четвртокот навечер, во близина на крајбрежниот град Сфакс, соопштија Меѓународната организација за миграција и Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР).

Претходните информации зборуваа за 20 загинати мигранти од субсахарска Африка, кои се удавија. Жена и бебе биле меѓу жртвите.

Најмалку 39 мигранти минатиот месец загинаа кога два брода потонаа во близина на Сфакс. Додека во јуни минатата година, при потонување на брод на истата локација загинаа најмалку 60 мигранти.

Тунис е една од рутите на мигрантите, кои преку Средоземно Море се обидуваат да пристигнат до италијанскиот остров Лампедуза.

Коронавирус