четврток, 4. август 2022. Вести денес: 198
home Вести

Најмалку 40 загинати при напад на Хутите

Најмалку 40 загинати при напад на Хутите

При вчерашниот напад на Хутите врз центар за обука во Јемен загинаа 40 лица, а десетици се повредени, јави саудиската државна телевизија Ал Акбарија.

Нападот, според телевизијата бил извршен со балистички ракети и дронови.

Борбите во Јемен траа речиси пет години, откако Хутите, кои имаат поддршка од Иран, ја соборија владата на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади.   Додека во 2015 година интервенираше коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се обидува да ја врати на власт владата на Хади. (МИА)

Коронавирус