петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Најмалку 40 Американци заразени со коронавирус на крузерот „Дајмонд Принцес“

Најмалку 40 Американци заразени со коронавирус на крузерот „Дајмонд Принцес“

Најмалку 40 Американци од вкупно 400-те кои се евакуирани од крузерот „Дајмонд Принцес“, закотвен кај јапонското пристаниште Јокохама, се заразени со коронавирус.

-Заразените американски државјани ќе бидат лекувани во јапонските болници, изјави денеска за Си-Би-Ес, Ентони Фаучи, директор на Националчниот институт за заразни болести.

САД на доброволна основа денеска ги евакуираа и останатите американски државјани од крузерот, што под карантин се наоѓа од почетокот на февруари заради појавата на коронавирусот.

За американските патници досега пристигнаа повеќе десетици автобуси. Тие со авиони ќе бидат префрлени до САД, каде 14 дена ќе минат во карантин, пренесе Индекс .хр.

Коронавирус