петок, 23. јули 2021. Вести денес: 163
home Вести

Најмалку 36 повредени во експлозија на автомобил-бомба во воена база во источна Колумбија

Најмалку 36 повредени во експлозија на автомобил-бомба во воена база во источна Колумбија

Најмалку 36 лица се повредени во ноќешниот напад во воена база во источна Колумбија, јави ДПА.

-Три лица се сериозно ранети во експлозијата на автомобил-бомба во воениот комплекс на 30-та бригада во Кукута, изјави министерот за одбрана Диего Молано на местото на настанот. „Еден од сериозно повредените веќе е опериран“, додаде тој.

„Го осудуваме овој злобен чин“, рече Молано.

Според првичните сознанија, две лица во базата внеле џип натоварен со експлозив и за неколку минути дошло до силни експлозии.

На видео материјали на социјалните мрежи може да се види голема огнена топка и голем облак со чад.

-Првата претпоставка е дека зад нападот стои герилската организација ЕЛН, кажа Молано. „Но, ние, исто така, ја разгледуваме можната за вмешаност на разделената бунтовничката група ФАРК.

Локалните медиуми претходно соопштија за различни бројки на повредени, а некои објавија дека експлодирале две возила, додека други објавија дека се вклучени две експлозии и едно возило во инцидентот.

Претседателот Иван Дуке претходно на Твитер објави дека го испратил Молано во градот да ја разјасни ситуацијата, а министерот за внатрешни работи Даниел Паласиос со твит го спомена инцидентот како „терористички акт“.

Базата на 30-та бригада во Кукута е најважната воена база во северо-источна Колумбија, од каде се координирани операциите против левичарската герилска група ЕЛН и разделените групи на поранешните бунтовници на ФАРК, појаснува ДПА.

ЕЛН во јануари 2019 година изврши бомбашки напад врз полициска академија во главниот град Богота и уби 22 лица. Колумбиската влада тогаш ги прекина мировните разговори со организацијата. Марксистичко-ленинистичката Национално-ослободителна армија (ЕЛН) има околу 5.000 борци и извршува напади и зема заложници пред се во источна Колумбија.

ФАРК порано беше најголемата герилска организација и во 2016 година потпиша мировен договор со владата, решавајќи го повеќедеценискиот конфликт, во кој загинаа околу 220.000 луѓе и имаше милиони раселени.

Илјадници борци го положија оружјето и раководството на групата сакаше да ги оствари своите цели како политичка партија. Меѓутоа, некои распарчени групи го одбија мировниот договор и продолжија да се борат. Реинтеграцијата на бунтовниците во цивилниот живот, исто така, е тешка и се смета дека повеќе од 4.000 поранешни борци повторно заминаа во илегала.

Коронавирус