недела, 25. август 2019. Вести денес: 23
home Вести

Најмалку 32 лица загинале од громови за еден ден во Северна Индија

Најмалку 32 лица загинале од громови за еден ден во Северна Индија

Најмалку 32 лица вчера загинале од удари на громови во северната индиска држава Утар Прадеш, јави денеска локалната телевизија НДТВ додавајќи дека во невремето биле повредени уште 13 луѓе.

Според телевизијата, најмногу од жртвите биле регистрирани во областите на градовите Канпур и Фатехпур, каде загинале по пет лица.

Владата на Утар Прадеш соопшти дека на семејствата на загинатите ќе им биде доделена помош. (МИА)