петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 20
home Вести

Најмалку 30 повредени во судир на воз и камион во Јапонија

Најмалку 30 повредени во судир на воз и камион во Јапонија

Најмалку 30 лица се повредени во судир на патнички воз и камион на железнички премин во градот Јокохама, јужно од Токио, јавија локалните медиуми.

Несреќата се случила претпладне откако камионот наводно влегол на преминот на линијата меѓу станиците Канагава-Шимачи и Накакидо, јави Кјодо њуз.

Возот излетал од шините, а камионот се запали, соопшти локалната полиција.

Возачот на камионот е во критична состојба, еден патник е сериозно повреден, а 30 други се здобиле со полесни повреди, стои во извештајот.

Коронавирус