четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 74
home Вести

Најмалку 29 загинати при двоен самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку 29 загинати при двоен самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку 29 лица загинаа, а 81 лице е повредено во денешниот двоен самоубиствен напад во шиитска џамија во источен Авганистан, соопшти Абдула Хасрат, портпарол на гувернерот на провинцијата Пактија.

Сите повредени, од кои некои во лоша состојба, се хоспитализирани, информираат регионалните здравствени власти.

Двајца мажи облечени во женска облека и вооружени со пушки влегле во џамијата во градот Гардез за време на попладневната молитва. Тие отвориле оган врз верниците, а потоа го активирале експлозивот што го носеле, соопшти локалната полиција.

Досега, ниту една група не презеде одговорност за нападот. Талибанците изјавија дека немаат никаква врска со него.

Шиитите во Авганистан честопати се цел на напади од сунитската екстремистичка група Исламска држава (ИД).

Според портпаролот Хасрат, во регионот околу градот Гардиз живеат околу 200 шиитски семејства.

Провинцијата Пактија, која претежно е населена со Паштунци, со години беше бастион на група Хакани, поврзаната со талибанците.

Според податоците на мисијата на ОН, во Авганистан во првите шест месеци од годината, биле убиени 115 цивили, а 251 се повредени во напади во земјата.

Одговорноста за повеќето од нив ја презеде ИД.

Коронавирус