четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 71
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Најмалку 28 жртви во тајфунот што ги погоди Филипините

Најмалку 28 жртви во тајфунот што ги погоди Филипините

Најмалку 28 лица загинаа во налетот на тајфунот Фанфон на Филипините, а 12 се уште се водат како исчезнати, соопшти денеска националната канцеларија за намалување на ризик од катастрофи.

Вкупно 13 од жртвите биле од провинцијата Илоило, 463 километри јужно од Манила, каде меѓу загинатите има едно шестчлено семејство кое било однесено од поплава.

Другите жртви се од провинциите Капиз, Аклан, Источен Самар, Лејте, Јужен Лејт, Билиран, Самар и Кебу, соопшти канцеларијата.

– Повеќето од загинатите биле погодени од паднати дрва или се удавиле, информира Марк Тимбал, портпарол на националната канцеларија за намалување на ризик од катастрофи.

Фанфон ги погоди источните и централните провинции на католичкиот Божиќ, принудувајќи повеќе од 58.000 жители да се засолнат во центри за евакуација, бидејќи ветровите корнеа покриви и уништија помалку цврсти куќи.

Фанфон замина од Филипините, но студеното време што го остави зад себе ќе донесе обилен дожд над северниот дел на Филипините, соопштија локалните власти.

Фанфон беше 21-от циклон што ги погоди Филипините оваа година.