среда, 2. декември 2020. Вести денес: 57
home Вести

Најмалку 27 загинати во судар на автобус со рикша во Индија

Најмалку 27 загинати во судар на автобус со рикша во Индија

Најмалку 27 лица погинаа, а десетици други се повредени во судар на автобус, што се движел со голема брзина, и рикша, во западниот дел на Индија, соопшти денеска локалната полиција.

Локалните медиуми јавуваат дека меѓу погинатите е и едно седумгодишно девојче.

Спасувачите од остатоците на автобусот извлекле најмалку 33 повредени патници, кои веднаш биле пренесени во болница, јавија американските медиуми.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочуство до семејствата на погинатите и посака брзо заздравување на повредените.

Автобуските несреќи со смртни последици се честа појава во Индија. Секоја година на патиштата низ Индија гинат по околу 150.000 лица, најчесто заради невнимателно возење, лошо оддржување на патиштата или премногу луѓе во возилата.

Коронавирус