недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Најмалку 26 лица загинаа во судири во Источна Гута

Најмалку 26 лица загинаа во судири во Источна Гута

– Најмалку 26 лица загинаа при судири меѓу сириските владини сили и бунтовниците во Источна Гута, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман, посочи дека се водат жестоки борби во јужниот дел на Источна Гута, последниот бунтовнички бастион во предградието на Дамакс. Во борбите загинале 13 провладини борци и шестмина бунтовници.

ДПА јави дека, при борбите загинале и седум цивили.

Судирите во Источна Гута не запреа и покрај резолуцијата за 30-дневен прекин на огнот на целата територија на Сирија, што синоќа ја усвои Советот за безбедност на ОН, со цел да биде доставена хуманитарна помош и да бидат евакуирани болните и повредените лица.

Коронавирус