недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 29
home Вести

Најмалку 25 жртви во пожарите во Калифорнија

Најмалку 25 жртви во пожарите во Калифорнија

Бројот на жртви во пожарите во Калифорнија се зголеми на 25, откако се пронајдени уште 14 тела во градот Парадајс во северниот дел на државата, соопштија локалните власти.

Во овој град има најмногу жртви, вкупно 23, додека уште две лица се пронајдени во близина на Малибу.

Околу 250.000 луѓе се приморани да ги напуштат своите домови за да го избегнат огнот.

Огнот избувна во четвртокот, и е толку голем што пожарникарите не можат да го спречат да го уништи градот Парадајс.

МИА

Коронавирус