четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Најмалку 25 загинати во пожар во илегална рафинерија во Нигерија

Најмалку 25 загинати во пожар во илегална рафинерија во Нигерија

Најмалку 25 лица, меѓу кои и малолетници, загинале во петокот во експлозија и пожар во илегална рафинерија за нафта во нигериската држава Ривер.

Експлозијата се случила во петокот рано наутро, изјави еден од локалните жители.

-Има голем број жртви… Изброивме 25 тела, изјави лидерот на локалната заедница Ифиани Омано за британските медиуми и додаде дека меѓу жртвите има и малолетници, но идентитетот на жртвите се уште не е утврден.

Портпаролот на локалната полиција претходно ја потврди несреќата, но не го соопшти бројот на жртвите.

Коронавирус