сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 13
home Вести

Најмалку 25 лица починаа од труење со алкохол во Индија

Најмалку 25 лица починаа од труење со алкохол во Индија

Најмалку 25 лица починаа во северна Индија од труење со алкохол, соопшти денеска полицијата.

Полицијата уапси десет мажи за продажба на отровен алкохол во сојузната држава Утар Прадеш.

Локалните медиуми јавуваат дека неколку лица се хоспитализирани поради труењето, додавајќи дека отровниот алкохол го купиле во четвртокот во продавница управувана од двајца браќа. Се уште не е утврдено како тие дошле до отровниот алкохол.

Продавниците за пијалоци во државата Утар Прадеш не смеат да работат, според прописите воведени за борба против коронавирусот.

Во Индија, која во моментов е најпогодената земја во светот од пандемијата, од 1 април умреле околу 160.000 лица од коронавирусот. Меѓутоа, бидејќи бројот на нови инфекции почна да опаѓа, властите на државата Утар Прадеш одобрија продажба на алкохол во некои области, но само во одредено време.

Во Индија, секоја година од евтин алкохол, произведен во нелегални дестилерии, умираат стотици лица.

Коронавирус