среда, 30. септември 2020. Вести денес: 20
home Вести

Најмалку 239 жртви во сообраќајки во Тајланд во новогодишниот период

Најмалку 239 жртви во сообраќајки во Тајланд во новогодишниот период

Најмалку 239 луѓе загинале во сообраќајки во Тајланд за време на новогодишниот период од 28 до 31 декември, јави ДПА.

Тоа се први четири дена од седумдневниот период во кој се очекува инцидентите на патиштта во Тајланд да достигнат „пик“.

Бројот на жргвите оваа година е многу помал отколку во истиот период лани кога загинаа 280 луѓе.

Вкупно за седумте денови од минатогодишниот новогодишен период жртвите беа 478 луѓе. Речиси половината од сообраќајките се поради возење во пијана состојба. Една четвртина се поради неприлагодена брзина.

Коронавирус