сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Најмалку 23 лица починаа од труење со алкохол во Турција

Најмалку 23 лица починаа од труење со алкохол во Турција

Најмалку 23 лица починаа од труење со алкохол во Турција во текот на минатиот месец, бидејќи високите даноци на алкохолот ги принудуваат Турците да конзумираат илегално произведена ракија, пренесуваат турските медиуми.

Данокот на пијалокот во јули се зголеми за осум проценти. Еден литар од турскиот традиционален пијалок раки сега чини повеќе од 200 лири (35,29 долари).

Комората на хемиски инженери соопшти дека поради зголемениот данок луѓето пијат илегални пијалоци, што е причина за смртта.

-Никаде во светот нема поголем данок на алкохол од Турција, се наведува во соопштението на Комората.

Од доаѓањето на власт на Реџеп Тајип Ердоган данокот на алкохол е многу зголемен, а од 2013 година рекламирањето на алкохолот и цигарите е забрането. (МИА)

Коронавирус