четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Најмалку 23 деца загинаа во пожар во интернат во Монровија

Најмалку 23 деца загинаа во пожар во интернат во Монровија

Најмалку 23 деца загинаа во пожар во исламско училиште во Либерија, соопшти денеска полицијата.

„Децата го учеа Куранот кога избувнал пожарот“, се вели во соопштението на портпаролот на полицијата Мозес Картер. Тој додаде дека пожарот е предизвикан од проблеми со електрични инсталации и дека истрагата е во тек.

Две деца, кои преживеале, се пренесени во болница, рече Картер.

Пожарот избувна синоќа во предградие на главниот град Монровија, напиша претседателот на Либерија, Жорж Веа на својот профил на Твитер. (МИА)

Коронавирус