сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 24
home Вести

Најмалку 22 цивили загинаа во нападите врз сирискиот град Дара

Најмалку 22 цивили загинаа во нападите врз сирискиот град Дара

Сириските активисти соопштија дека во денешните воздушни напади на руското воено воздухопловство загинаа најмалку 22 цивили, меѓу кои има и деца. Нападите се извршени во провинцијата Дара, јужна Сирија.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права објави дека меѓу жртвите има и пет деца кои загинале во населеното место Ал Мсеифра.

Невладината отганизација со седиште во Лондон наведе и дека во вчерашните напади во Дара загинале 46 луѓе.

Сириските безбедносни сили се приближуваат кон стратешкиот град Дара, кој се наоѓа на границата со Јордан и Голанската Висорамнина. Сириската армија од 19 јуни напаѓа цели, пред се во источниот дел на провинција Дара, а потоа извршува напади врз истоимениот град, врз квартовите под контрола на бунтовниците.

Судирите во Сирија почнаа во 2011 година со мирни протести против режимот на претседателот Башар ал Асад, кои прераснаа во вооружен бунт и граѓанска војна, во која досега загинаа речиси половина милион луѓе.

МИА