четврток, 22. август 2019. Вести денес: 136
home Вести

Најмалку 20 повредени во експлозијата во Париз

Најмалку 20 повредени во експлозијата во Париз

Најмалку 20 луѓе се повредени во експлозијата во пекара во Париз што се случи денеска, објавија француски медиуми.

Се претпоставува дека експлозијата била причинета од истекување гас.

Портпаролката на полицијата на Париз изјави дека нема загинати во инцидентот. Полицијата ги советуваше граѓаните на Париз да го избегнуваат тој дел од градот.

МИА