вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 122
home Вести

Најмалку 20 цивили загинаа во етничкото насилство во ДР Конго

Најмалку 20 цивили загинаа во етничкото насилство во ДР Конго

Паравоената група Здружение за развој на Конго (КОДЕКО) синоќа убила најмалку 20 цивили во селото Ндјала, во провинцијата Итури, североисточниот дел на Демократска Република Конго.

Тоа е уште еден инцидент во бранот етничко насилство, што трае веќе два месеца и поради што 200.000 луѓе ги напуштија своите домови.

КОДЕКО е составена од борци од етничката група Ленду, додека во селото Ндјала живеат припадници на етничката група Хема.

Според локалните власти убиени се 20 лица, а 14 се тешко повредени.

Напаѓачите побегнале откако мировните сили на Обединети нации пристигнае во селото.

Провинцијата Итури е богата со природни ресурси, вклучително злато и дијаманти. Во Итури се водеа најжестоките борби во периодот од 1999 до 2007 година, а потоа борбата за власт помеѓу бунтовничките групи премина во етничко насилство помеѓу групите Хема и Ленду.

ЕУРО 2020

Македонија