петок, 20. мај 2022. Вести денес: 31
home Вести

Најмалку 19 загинати во тепачка и пожар во бар во Индонезија

Најмалку 19 загинати во тепачка и пожар во бар во Индонезија

Најмалку 19 лица загинаа во пожар што избувна рано утринава во караоке бар во индонезиската провинција Западна Папуа, по тепачка меѓу ривалски банди, соопшти полицијата.

Едно лице е смртно избодено со нож, а потоа барот бил запален со најмалку 18 лица кои останале заробени внатре, изјави полициски претставник.

Полицијата соопшти дека тепачките меѓу младите се вообичаени, но оти ова првпат со волку мртви.

Околностите на несреќата се истражуваат, а сè уште не се знае дали бројот на загинатите е конечен.

Коронавирус