сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Најмалку 18 загинати при бомбашки напад во Сирија

Најмалку 18 загинати при бомбашки напад во Сирија

Најмалку 18 лица загинаа при експлозија на автомобил-бомба пред простории на бунтовничката коалиција Сириски демократски сили (СДФ) во местото Басира во провинцијата Дејр ал-Зур во источна Сирија, јави ДПА.

Меѓу загинатите се еден локален командант на СДФ, десетмина бунтовнички борци, како и седуммина цивили, од кои три деца.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но според претставници на СДФ, во која доминира групата Сили за заштита на народот на сириските Курди, тој е дело на џихадистичката Исламска држава (ИД).

ИД е потисната од сите сириски градови, но нејзини борци и натаму контролираат неколку помали населени места, пред се во источните пустински делови на Сирија.

МИА

Коронавирус