сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 92
home Вести

Најмалку 16 загинати во силната експлозија во шиитската џамија во Кандахар

Најмалку 16 загинати во силната експлозија во шиитската џамија во Кандахар

Најмалку 16 верници загинаа во силната експлозија во шиитската џамија во авганистанскиот град Кандахар, за време на петочната молитва, пренесува дописникот на Би-Би-Си од Авганистан, додавајќи дека 32 лица се тешко повредени.

Бројот на жртви постојано расте.

Иако портпаролот на талибанците во првичната изјава кажа во нападот има седум загинати и 15 ранети, дописникот на Би-Би-Си јави дека има многу повеќе жртви.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како бегаат во паника по државниот удар.

Иако се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, дописник на Би-Би-Си од Авганистан на Твитер напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да соопшти дека тој е дело на нивни бомбаш-самоубиец.

Лекар од локалната болница изјави дека во моментов се примаат многу пациенти, од кои повеќето се во многу сериозна состојба.

Пред точно седум дена речиси идентична експлозија имаше и во џамија во провинцијата Кадуз, каде најмалку 100 лица загинаа, а за која се уште никој не ја презеде одговорноста.

Светските медиуми, вклучувајќи ги и Би-Би-Си и АФП, јавија дека ова е војна што ИД ја води против талибанците.

Иако членовите на милитантната група често истакнуваат дека ИД била „истребена“ од Авганистан и дека сите нејзини членови ја напуштиле земјата минатиот месец, познавачите на ситуацијата се убедени дека лидерите на ИД користат бомбаши самоубијци за да предизвикаат што поголема штета и да ги поразат талибанците.

Коронавирус