петок, 29. септември 2023. Вести денес: 82
home Вести

Најмалку 14 мртви при лизгање на земјиште во Камерун

Најмалку 14 мртви при лизгање на земјиште во Камерун

Најмалку 14 луѓе загинале во лизгање на земјиштето по поројните дождови во западниот дел на Камерун, соопштија локалните власти.

Се проценува дека 40 други се заробени под земјата и во тек се спасувачки операции по синоќешната катастрофа во градот Бафусам, изјави за ДПА гувернерот на регионот Ава Фонка Августин.

Тој рече дека засега може да се потврди дека 14 се мртви, а 40 се сметаат за исчезнати, дополнувајќи дека смртниот биланс најверојатно ќе биде поголем.