сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 51
home Вести

Најмалку 13 загинати во експлозија на подметната бомба во северен Авганистан

Најмалку 13 загинати во експлозија на подметната бомба во северен Авганистан

Најмалку 13 лица, вклучувајќи и тројца цивили, се убиени од подметната бомба крај пат во северната авганистанска провинција Сар-е Пул, соопштија денеска локалните властите, јави ДПА.

Експлозијата, што се случила вчера во близина на истоимениот главен град на провинцијата, била проследена со голема размена на оган меѓу талибанците и авганистанските сили. Инцидентот траел шест часа.

-Тројца војници се ранети, за ДПА изјавија советник и анонимен извор.

Сар-е Пул отсекогаш бил бојно поле меѓу талибанците и безбедносните сили поради стратешкото место на северот на земјата.

Талибанците веќе со години контролираат големи делови од покраината.

Провинцискиот советник, Аминулах Ајдин, денеска изјави дека во последните 48 часа најмалку 46 авганистански војници биле убиени, ранети или заробени од талибанците во различни делови од оваа покраина, пренесе германската агенција.

Во 2015 година оваа провинција прва падна во рацете на талибанците, откако нивниот режим се распадна во 2001 година по интервенцијата на САД.

Коронавирус