среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 106
home Вести

Најмалку 13 лица загинаа при напад на талибанците во Газни

Најмалку 13 лица загинаа при напад на талибанците во Газни

Талибанците денеска нападнаа заеднички контролен пункт на авганистанската армија и полиција во покраината Газни, при што загинаа најмалку 13 војници и полицајци.

Талибанците ги нападнаа и безбедносните сили кои се упатија на местото на инцидентот.

Портпаролот на гувернерот на Газни, Ариф Нури изјави дека убиени се седум војници и шест полицајци, а четворица се повредени при нападот врз контролниот пункт.

Под контрола на талибанците речиси е половина Авганистан и секојдневно се преземаат напади врз безбедносните сили. За талибанците Владата во Кабул, која има поддршка од САД, е нефункционална западна марионета и повеќепати одбија да преговараат со неа.

Портпаролот на талибанските бунтовници Забихулах Муџахид изјави дека талибанците ја презеле одговорноста за нападот.

– Засилувањето што беше испратено на контролниот пункт беше нападнато од заседа од другите талибански борци, посочи Нури.

Заедничкиот контролен пункт беше поставен само пред два дена во стратешки регион со цел да се прекине снабдувањето на талибанците, но по нападот тој е целосно изгорен.

Талибанците во август зазедоа делови од покраината Газни, а стотици луѓе побегнаа од истоимениот град кога се интензивираа борбите помеѓу авганистанските владини сили и бунтовниците, при што загинаа 120 припадници на авганистанската армија и полиција и цивили. Според авганистанските власти во борбите убиени се околу 200 бунтовници, меѓу кои и голем број странски војници.

Газни е една од 35 авганистански покраини во која не се одржаа октомвриските парламентарни избори поради безбедносни причини. Гласањето е одложено за една година.

Во јужната покраина Кандахар гласањето е одложено за една недела откако беа убиени двајца владини претставници.

Коронавирус