недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 11 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Сирија

Најмалку 11 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Сирија

Најмалку 11 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, а повеќемина се ранети во експлозија на автомобил-бомба во сирискиот град Африн, соопштија медицински извори и Сириската опсерваторија за човекови права.

Бомбата експлодирала на влезот од градот, соопшти Опсерваторијата, со седиште во Велика Британија.

Африн се наоѓа северно од Алеп, во близина на границата со Турција. (МИА)